Промената на името ќе значи промена на идентитетот

Името е идентитетот!  Идентитетот е името! Секоја промена на името на државата по автоматизам значи промена на името на народот. Македонија е уникатна држава во светот, каде што нејзината власт разговара за промена на името на државата!

Не постои друг народ во светот, чијашто власт разговара за трајна промена на името на државата! Притоа, 137 држави во светот го признаваат името на државата Македонија!  Тука и онаа народната, многу бабици детето килаво, но и од многу кумови детето безимено!

 За македонски кум се спомнува португалскиот дипломат Пињеиро, кој прв го нотира името “Нова Македонија“.

Имено, предлогот “Нова Македонија“ датира уште од 1992 година и беше содржан во т.н. “Пакет Пињеиро“ според презимето на министерот за надворешни работи на тогашниот претседавач со Европска унија, Португалија. Тој предлог Грција го одби.

Денес, според некои сознанија или шпекулации тоа “ново“ име повторно “воскреснува“. Имено, “Нова Македонија“ е името што владините претставници на Република Македонија го предложиле, а Грција на тоа се согласила како решение на 26-годишниот “спор“ меѓу двете земји, така барем јави грчката телевизија Стар.

Ова ме потсетува на изјавата на Киро Глигоров, кој за CNN своевремено изјави “Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера на овие простори.

За да не не’ поистоветуваат со Срби и Бугари, се нарековме Македонци по името на територијата што ја населивме.

 Ние немаме никаква врска со историјата на античка Македонија и на Александар Валики“. Неодамна и Шеќеринска, истото го потврди, “Прашањето за името ќе биде брзо решено.

Се разбира, Македонците се Словени и немаат ништо заедничко со Алекандар Велики.“ Алексис Ципрас, пак, придодава “Бараме Скопје да престане да повторува дека тие се единствени наследници на античките Македонци!  Не се само тие! Скопје нема ексклузивно право над името Македонија!“ Како да се разбере оваа порака?

За потсетување и поранешниот премиер Никола Груевски своевремено, за грчкиот медиум “То вима“ изјави дека “Република Македонија нема ексклузивно право на зборот Македонија“!

Оваа изјава на Груевски, требаше да го апсолвира овој повеќедеценсики наметнат “спор“, што подрзабира крај на геноцидот врз културниот историски идентитет и наследство на еден народ кој самиот себеси се нарекува Македонски.

Кога се спомнува кумството за името на државата, недвојбена е и изјавата на Никола Димитров.  Покајанието е човечки, како и прегрешението, ако не се повтори.

Но, никако не навредувајте ја сопствената татковина и сопствениот народ, за сласт за власт и страст за моќ и пари! Конечно, во едно сме начисто: Ново име на државата значи нов идентитет на нацијата!

Затоа, пак, Господ, Македонија и Македонци повеќепати ги спомнува во светата книга Библијата! Таа вистина, никој нема право да ја менува!

И повторно за грчката телевизија ТВ Стар, според којашто двете страни, претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис и медијаторот на Обединети нации Метју Нимиц, се согласиле за употребата на името “Нова Македонија“, предложено од Владата во Скопје.

Во извештајот на ТВ Стар уште се додава, дека новото име ќе биде објавено напролет! И после се’ и покрај се’, Голем Е Господ, чудата се случуваат, а во нив веруваме! Чудото на победата на доброто врз злото.

Кога го спомнуваме португалецот Пињеиро и неговиот предлог уште во 1992 “Нова Македонија“ кој бил одбиен од Грците, а сега наводно прифатлив, да не го заборавиме и британскиот амбасадор и поранешен медијатор Робин О’Нил, кој исто така, во таа 1992 година излезе со предлогот “Република Македонија (Скопје)“, како јасна дистинкција меѓу државата Македонија и истоимената северна провинција на Грција.

Предлогот беше прифатлив за Собранието, во времето на Киро Глигоров, но беше отфрлен од Владата во Атина.

Патем, Роберт О’Нил речиси една деценија, во контунуитет, апелира да не се отакажеме од уставното име Република Македонија, туку од преговорите околу името во ООН под медијација на Нимиц!

Истовремено, да се обратиме пред Генералното собрание на ООН дека го продолжуваме членството под државното име, заради крај на временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“!

Амбасадорот Роберт О’Нил и од актуелната Влада на Македонија го бара истото: Крај на разговорите, или преговорите околу името во ООН, но нема никаков одговор ниту од актуелната Влада, како и од претходната!

За волја на вистината и првиот претседедател на Собранието Стоајн Андов бараше да не ја тужиме Грција пред Меѓународниот суд во Хаг.  Се прашуваме за чии интереси работеле и сеуште работат т.н. македонски политичари и дипломати?

За жал, и ден денес никој од политичарите не крај на разговорите за разликата за името на државата.

И конечно, и после се’ и покрај се’, Македонците ќе го пресечат Гордиевиот јазол за името и идентитетот, а власта секогаш ќе го чувствува Дамокловиот меч над главата убедени во неменливоста и раскошот. Останува вистината за библискиот код на Македонците, како неуништив и незаменлив.

Македонците можеби трпат, ама ќе истраат, се борат и ќе победат! Господ повторно со нас Македонците, и повторно меѓу нас Македонците!