Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Славниот актер Леонардо Ди Каприо целосно се предава на улогите кои ги толкува, што го докажа и во новиот филм.

dikaprio-sokantno

Во овој случај, како што објавуваат американските таблоди, излегува дека Лео полесно „бега“ од Оскар, отколу од мечка.

Имено, ликот што тој го толкува во филмот „Повратник“ („The Revenant“), дури два пати го силува мечка. Сцената во филмот е многу брутална и живописно го прикажува ѕверскиот напад. 

- Тоа е една од најтешките работи кои ги имам изведено во целата моја кариера, но мислам дека публиката ќе ја препознае уметноста. Кадрите се шокантни, а начинот на снимање близок на документарен филм, изјави Леонардо во интервју за „Јаху Мувис“.

Ди Каприо вели дека навистина легнувал во распаран леш на коњ за да се стопли. Ниту чувството на студ не беше одглумено, бидејќи актерот го ставил сопственото здравје на коцка со цел сцените да бидат што поавтентични.

Сценариото е пишувано според биографската книга на Хју Глас, каде се споменува „биска средба“ со мечка, која била агресивна затоа што ги штитела своите младенчиња. Филмот говори за страдањата на Глас изгубен во дивината во 1823 година, каде едвај преживеал.

Многумина шпекулират дека ова конечно би требало да биде доволно за славниот актер да добие Оскар. Тоа би му била шеста номинација, по оние за во филмовите „Волкот од Волстрит“ (2013) во две категории, „Крвав дијамант“ (2006), „Авијатичарот“ (2004) и „Што го мачи Гилберт Грејп“ (1993).

Режисер на „Повратник“ е Алехандро Гонзалез Инарит, кој ова година освои четири Оскари, вклучително и оној за најдобрар филм „Брдмен“.

Филмот во кината доаѓа за католички Божик, а номинациите за Оскар ќе ги дознаеме во јануари следната година.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа