Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Знаете ли дека за да се има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд се плаќа по 30.000 долари?

bulevar500

Секоја година околу 24 личности добиваат своја ѕвезда на Булеварот на славните. Тие се избираат од Стопанската комора на Холивуд, но прво мора да бидат номинирани од некого. Ова може да биде новинар или многу богат обожавател.

Ако соодветната славна личност биде избрана и прифатена, тој што ја предложил треба да плати 30.000 долари.
Според Стопанската комора на Холивуд, половина од износот оди за изработката на ѕвездата, а другата половина за одржување.

Некои од најпознатите личности во светот немаат свои ѕвезди. Меѓу нив се Џулија Робертс, Клинт Иствуд, Дензел Вашингтон и Ал Пачино.

До крајот на овој месец своја ѕвезда на Булеварот на славните ќе добијат, актерот Роб Лоу и режисерот и продуцент Рон Хауард.
Првиот човек што добива своја ѕвезда на патеката е филмскиот режисер и продуцент Стенли Крамер, а тоа се случи во март 1960 година.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа