четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Технологија

Нокиа 9 има 5,5 инчeн екран, отпорен е на вода и прашина

Нокиа 9 има 5,5 инчeн екран, отпорен е на вода и прашина

Одредени спецификации за новиот телефон Нокиа 9 веќе се објавени и според тоа финската технолошка компанија креирала доста квалитетен телефон.

Нокиа 9 има 5,5 инчи екран кој го произведува “LG”, додека Нокиа 8 користеше IPS LCD дисплеј. Нокиа 9  ќе се напојува со чип Snapdragon 835 и батерија од 3.250 мили ампер часови.

Новиот фаворит на финската компанија има две позадински камери, една од 12 мегапиксели и друга од 13 мегапиксели. Предната камера има 5 мегапиксели.

Се уште не е познато колкава е РАМ меморијата на телефонот, а ќе биде достапен во две верзии со внатершна меморија од 64 и 128 гигабајти. Се претпоставува дека Нокиа 9 ќе работи на Андроид 8.0 Орео оперативен систем.

Од порано е откриено дека стаклото е поквалитетно од она на Galaxy уредите. Моделот Нокиа 9 исто така ќе има IP67 сертификат, што значи дека е отпорен на прашина и воодотпорен до длабодина на водата од 1 метар.

Информациите за цената и пуштање на телефонот во продажба се уште не се во потполност познати. Постојат гласини дека “HMD Global” кој ги изработува новите Нокиа уреди би можел да го презентира телефонот на “HMD Global” случувањето кое ќе се одржи на 19 јануари наредната година во Кина.