Занимливости

БОЖИЌНО ЧУДО: Се роди девојче кое е зачнато пред 25 години (ВИДЕО)

Жена од Тенеси минатиот месец родила бебе од ембрион замрзнат 1992 година.

26 годишната Тина и 35 годишниот Бенџамин Гибсон на 25 ноември станаа родители на Ема Врен.

Ема се родила тешка околу 2,9 килограми и висока околу 50 сантиметри. Таа го држи рекордот за најдолго замрзнат ембрион кој е покасно роден.

Тина и нејзиниот сопруг одлучиле да побараат помош во Националниот центар за донација на сперма, во кои се наоѓаат ембриони кои нивните биолошки родители не ги искористиле.

Ема како ембрион била смрзната во 1992 година, кога нејзината мајка имала само 18 месеци. Ембрионот е замрзнат оваа година и вметнат во матката два дена покасно.

Брачниот пар Гибсон, кој не може да има деца, размислувал за посвојување пред се одлучат на овој чекор, кажа Бенџамин.

-Ема е слатко чудо. Изгледа совршено, кажа Бенџамин.

-Можевме да бидеме најдобри пријатели, изјави Тина.