недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Несекојдневен водич низ магичната Прага

Несекојдневен водич низ магичната Прага

Познат како градот на кулите, Прага секоја година сè повеќе привлекува илјадници туристи на своите улици кои се богати со историја, култура и архитектура. Црквите и историските плоштади на овој град настанале под влијание на романтизмот, готиката, ренесансата и барокот, а неизмерно допринесуваат за неговиот шарм.

Доколку сте вљубеник во традицијата, ве советуваме да го посетите Хотелот Четири сезони кој е идеално сместен покрај реката Влтава, а блиску до него е и стариот град, односно најпосетуваното туристичко место.

За љубителите на историјата, Хотелот Аугустин кој некогаш бил манастир, а се состои од седум градби, е совршената опција. Модернизмот стана дел од историските објекти благодарејќи на Олга Полици која ги инкорпорирала елементите на кубизам во ентериер.

И покрај тоа што Прага поседува голем број на музеи, театри и воопшто културни локалитети каде можете да го поминувате вашето време, овој град има репутација за рај за зависниците од купување. Посетете ја Париската улица за да го откриете најдобриот интернационален луксуз со брендовите Диор, Версаче, Хермес и многу други.

Стариот град и неговите улици се идеалниот локалитет за купување на сувенири или за потрага по богатство во бројните антикварници. Со чешката гастрономија можете да се запознаете во ресторанот La Degustation Boheme Bourgeoise кој се смета за најдобар во градот, а отворената кујна ќе ви даде можност да погледнете што се случува зад сцената.

Во Прага буквално ќе уживате во секоја уличка, бидејќи ќе наидете на некоја забавна активност. Посетете го домот на писателот Франк Кафка и музејот кој му е посветен или пак посетете го оригиналниот Beer Spa. Покрај понудениот луксуз, богатата историја и наследство, овој град сигурно ќе ве наведи повторно да го посетите.