Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

Ернест Хемингвеј е познат писател и многу контроверзна личност. Тој е познат по најчудните навики, од кои едната е да пишува исправен.

ernest-hemingvej500

Еве некои совети дадени од Хемингвеј за тоа како подобро да управувате со своето време и живот, објавени од финансиската издание „Business Insider“:

1. Стојте исправени
Никогаш не стојте на маса, кога можете да стоите на шанк. Стоењето ја зголемува вашата подготвеност да се зближувате и да набљудувате, што е исклучително корисно за вашата продуктивност.

2. Бидете пробирливи
Никогаш не тргнувајте на пат со некого, кого не го сакате. Дали станува збор за партнер за патување, вашиот партнер во бизнисот или во животот, важно е да бидете опкружени со правилни луѓе. Ова ќе ги зголеми вашите креативни можности и шанси за успех.

3. Секогаш пишувајте ги идеите на хартија
Да носите по неколку моливи во себе е добра одлука. Запишувајте ги вашите идеи, а потоа усовршувајте ги. Старото добро запишување на хартија, доведува до многу подобра визуелизација и продуктивност, во споредба со користење на современите технолошки начини за водење на белешки, покажуваат истражувањата.

4. Придржувајте се до фактите
Ако започнете да запишувате како некој презентира нешто во детали, откривате дека е подобро да ги отстраните сите орнаменти и да започнете со првото навистина едноставно и декларативно нешто што сте го напишале. Простите факти секогаш вршат многу подобра работа, отколку сложените знаења. Бесмисленоста ги усложнува работите.

5. Никогаш не престанувајте да се трудите
Сите сме чираци, во занаетот во кој никој не станува мајстор. Секоја работа која вреди да се работи, никогаш не завршува. Секогаш има простор за подобрување. Значи, престанете да се фокусирате на крајот на патувањето и уживајте на патот.

6. Бидете искрени со себе
Не треба да пишувате, ако не знаете да пишувате. Животот е премногу краток за негирање на очигледни работи. Откријте го природниот талент и насочете ги напорите во таа насока.

7. Пишувајте, она што го знаете
Кога се најдов во оваа соба, решив да напишам по една приказна за секој предмет во неа, кој ми беше познат. Се обидував да го правам тоа постојано, иако тоа бара железна дисциплина. Или кажано на друг начин, правете го она што го разбирате. Без разлика дали станува збор за пишување на новела или за изградба на зграда, секој мора да го прави она што знае да го прави и да го прави со желба.

8. Не бидете парализирани од страв
Првиот обид секогаш не чини. Подобро е да започнете нешто, иако не на најдобриот можен начин, отколку воопшто да не го започнете. Не плашете се од неуспех. Вистинскиот неуспех е воопшто да не го пробате тоа.

9. Слушајте внимателно
Кога другите зборуваат, слушајте внимателно. Повеќето луѓе не слушаат. Ќе бидете изненадени колку време сте можеле да заштедите на одреден проект или задача, ако едноставно внимателно сте ги слушале луѓето околу вас. Приближувајте се кон новите задачи со широко отворени очи и обрнете внимание на советот од другите.

10. Бидете трезни
Се обидував секогаш да пијам по вечерата, не пред да пишувам или додека пишувам. Приоѓајте одговорно кон обврските, со трезвено размислување.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа