Хроника

МВР: Пукано од возило во движење кон 24 годишно момче

Министерството за внатрешни работи информира за вооружениот напад попладнево во скопски Чаир.

-Денеска околу 17.40 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје од возило во движење пукано е во лицето Б.И. (24). Повредениот Б.И. веднаш е пренесен во болница, а полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите пренесуваат дека застреланото момче им подлегнало на повредите.