Хроника

Нова трагедија вечерва во Чаир: Маж падна од зграда

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва во во 19.10 часот е пријавено дека на ул. Џон Кенеди бр.1 во Скопје пред зградата лежел маж, кој според пријавеното паднал од третиот кат на зградата.

Утврдено е дека станува збор за Ф.Ш. (34), кој живее во стан на третиот кат во оваа зграда.

-Тој со возило на Итна медицинска помош е однесен во Ургентен центар, а на лице место се излезени полициски службеници кои преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.