Хроника

Охриѓанка со автомобил удрила во дрво- итно пренесена во болница

На регионалниот пат Охрид- Свети Наум помеѓу авто-кампот „Елешец“ и село Пештани, вчера во 08:10 часот се случила сообраќајна незгода во која Л.Ц. (38) од с.Пештани, управувајки патничко возило „Даеву Нексија“ со охридски регистерски таблици изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво.

Во незгодата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.