Хроника

Пронајдено возилото од кое беше убиено 24-годишното момче во Чаир

Полицијата го пронашла автомобилот од кој вчера непознат напаѓач го застрела 24-годишниот Бурим Идризи. Неофицијално автомобилот бил пронајден во Чаир.

24-годишно момче синоќа им подлегна на повредите откако било пукано во него од возило во движење, на улицата Џон Кенеди во Скопје. Момчето беше пренесено во Ургентниот центар без знаци на живот, а врз него извршена била 45-минутна реанимација, којашто завршила безуспешно.

Убиството се случило околу 18 часот на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Неофицијално, засега непознати лица со автоматско оружје „АК-47“ пукале кон момчето кое излегувало од своето „југо-45“, на автобуска станица, во близина на средно училиште. Полицијата ги утврдува мотивите за убиството и трага по извршителите.

Според обвинителството, на убиството во Чаир му претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот. Сторителот откако пукал и го усмртил 24-годишното момче се дал во бегство, а по наредба на јавен обвинител се подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка.