Хроника

Старец изгоре во пожар што избувнал во неговата куќа

Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам.

Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот.

– Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја зафатил целата куќа. Телото на сопственикот на куќата, 82-годишниот А.Г. е извадено јагленисано, а по наредба на ЈО од Берово врз телото ќе се врши обдукција. ТППЕ Берово во 00:30 часот го локализирала пожарот, но изгорена е целата куќа, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.