Хроника

Стружанец со нож прободел сограѓанин, го претепал, го врзал и му го украл возилото

Четириесетгодишниот стружанец Н.М доби кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“ откако минатиот месец претепал едно лице, го врзал со јаже и му го украл возилото.

Пријавениот на 24 ноември годинава во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, што прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. со нож во грбот.

Откако овој паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.