недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Зборник за Овче Поле – книга прва“ излезе од печат

Како и претходната година во периодот пред празникот Свети Никола, така и оваа, во Овче Поле се објави нова книга.
„Зборник за Овче Поле – книга прва“ излезе од печат

Станува збор за Зборникот за Овче Поле – книга прва, голем труд со собрани податоци за плодородната Овчеполска котлина. Авторот Никола Ристевски вели дека ова е прв зборник за Овче Поле во историјата на Македонија. Тој е долгогодишен истражувач на природните ресурси и културното наследство на Овчеполието и Македонија, а минатата година ја објави својата прва книга „Имагинариум“.

– Зборникот е поделен на три глави, со различни содржини. Во првата се застапени текстови од Лазар Серафимов, како прилог за проучување на историјата на Овчеполието. Втората глава содржи исечоци од дневниот весник „Нова Македонија“ во фототипна форма, со новинарски написи за Свети Николе и Овче Поле од 1977 до 1979 година. Во третата глава се собрани мои текстови, пишувани од 2011 до 2017 година – вели Ристевски.

Книгата е достапна преку директни нарачки на фан страницата на fb – Зборник за Овче Поле. Со купување на примерок поддржувате огромен научен проект за Овчеполието.