петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Партии кои партиципираа во власта, преминаа во Коалицијата „За подобра Македонија“

Партии кои партиципираа во власта, преминаа во Коалицијата „За подобра Македонија“

Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои до пред извесно време партиципираа во власта. Дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел во останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја тргнеме оваа криминално-рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија, рече Јанушев и додаде дека тие како ВМРО-ДПМНЕ остануваат отворени и ги повикуваат сите чесни и искрени граѓани на Македонија да се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија.

Она што исто така е вредно да се напомене, подвлече Јанушев, е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија.

Најнови вести