Освежено 16:14:25
Четврток, 25 Мај 2017

Бројот на безбедносните сили денес видливо зголемен долж граничната линија покрај жичeната ограда. Утрово група економски мигранти со ќебињата кои им ги дава УНХЦР се обидоа да ја отстранат бодликавата жица и спречат влез на македонска територија на мигрантите кои имаат право да транзитираат. За кратко време, а и по интервенција на грчката полиција ситуацијата била ставена под контрола, објави Канал 5.

migranti.jpg-500

Тие секојдневно се пред пругата и не се откажуваат од намерата да влезат на македонска територија

Грција и денес носи нови мигранти кои мигрираат заради економски причини. Од Сиријците кои чекаа пред транзитниот камп во Гевгелија дознаваме дека од Грчките власти им издавале фалсификат документи на кои не пишува реално од која земја доаѓаат туку дека се Сиријци,Авганистанци или пак жители од Ирак.

Велат ние ги препознаваме и нас не можат да не лажат.

Тие во текот на денот и се повлекуваат навнатре кон грчкиот центар за бегалци, но со поддршка на активисти за правата на економските мигранти се приближуваат кон оградата,скандираат,провоцираат и обидуваат да ја соборат истата.

Таква беше и сликата синоќа ,беа се побројни и погласни.

Со мегафони ја повикуваа канцеларката Меркел да им помогне и прими во Европа.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа