Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Покрај американската глобална компанија „Гентерм“ во ТИРЗ во Прилеп влегува уште еден странски инвеститор, а тоа е германската компанија Акомпласт за што договорот е во финална владина процедура,  потврди премиерот Никола Груевски по обиколката на новата фабрика на Гентерм во оваа индустриска зона.

industriska-zona500

- Оваа компанија исто така произведува автомобилски делови и таа ќе регистрира фирма во Македонија. Договорот за инвестицијата е во финална владина процедура и многу скоро и оваа компанија ќе почне да ја гради својата фабрика во оваа зона, изјави премиерот Груевски.

Тој посочи дека Владата продолжува да работи и со други заинтересирани инвеститори не само за зоната во Прилеп, туку и за другите региони низ Македонија.

Тој потсети дека минатиот месец беше пуштена новата фабрика на Маркарт во Велес чии КСС веќе гради во Кичево. Дијатек наскоро почнува со производство во зоната во Скопје, ОДВ Електрик гради фабрика во зоната меѓу Струга и Охрид, а вчера, додаде, беше потпишан договор и за изградба на нова фабрика на италијанската Монтанте груп, додека за неколку дена треба да се отвори и фабриката на Катком во ТИРЗ Скопје.

Шефот на Владата најави и нови мерки во контекст на политиката за привлекување странски инвестиции.

- Со цел да овозможиме распоредување на повеќе фабрики во повеќе различни региони во државата, покрај првично предвидените 14 ТИРЗ, како најнова мерка Владата донесе одлука за отворање дополнителни три зони и тоа во Куманово, Липково и во Маврово Ростуше, рече премиерот Груевски.

 

Спонзорирани линкови

  • 24 часа