Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

 

Постоечкиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услови е донесен при крајот на 2013 година. За овој закон и за подзаконските акти од оваа област ЕУ потроши 900.000 евра за експертска помош. Две години потоа, посредникот во разговорите за спроведување на договореното од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхојт предлага измени во овој закон, сосема спротивни на експертските препораки од ЕУ и кои се веќе дел од актуелните законски решенија, пишува МКД.мк.

piter-vanhojte500

Целиот проект за донесување на закон за медиуми и за електронски комуникации според европските стандарди се викаше „Зајакнување на админситративните капацитети на Агенцијата за електронски комуникации и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги“. Овој проект, ИПА 2009, заврши во април годинава со донесување на последните подзаконски акти, а официјалното затворање беше во јули, пишува порталот.

Врз основа на реализираниот проект ИПА 2009, Агенцијата за медиуми минатата недела доби нови 630 илјади евра за купување на опрема за мониторинг на телевизиите, проект наречен ИПА 2011, во кој Македонија треба да учествува со 25 %, односно со 209.000 евра.

-Во една ваква ситуација, повторно со помош на европски експерти, се предлагаат измени кои се спротивни на препораките на некои други европски експерти кои се веќе дел од постоечкиот закон. На пример, токму според препораките на ЕУ, дел од извршните решенија од надлежностите на работата на Агенцијата за медиуми (казните на пример), се префрлија на стручните тела и на директорот на агенцијата, а не во надлежност на советот. Образложението беше дека ако се остави на советот ќе дојде до „разводнување во работата на Агенцијата и во донесувањето на решенијата“.

Според предлогот на Ванхојт, сега се предлага за тие извршни решенија, како на пример казни за телевизиите за непочитување на законските одредби, за секоја посебно да расправа советот, пишува МКД.мк.

Исто така белгискиот експерт предлага една широка основа за предлагање на членови на советот на Агенцијата за медиуми, нешто што не е случај со одредебите од истите закони во најголем дел од земјите членки на ЕУ. Таму, предлозите за членови на советот одат со именување од страна на претседателот на државата, или преку министерот за култура, владата, некаде и преку парламентот... Изборот на членовите на советот со двотретинско мнозинство со собранието, на претходен конкурс со препораки од универзитети, невладини организации... само ќе ја докомплицира и разводени работата, сугерираа европските експерти.

Сегашното законско решение е избор на членови на совет по еден од новинарските здруженија (ЗНМ и МАН), еден од Адвокатската комора, еден од ЗЕЛС, еден од Интеруниверзитетската конференција и двајца од Собранието.

Преговорите за медиумите по второто пролонгирање на зададените рокови, пак се заглавени. Неизвесно е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Клубот на пратениците на разговори, повчерашното писмо на уредниците на телевизиите МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа и весникот Дневник против ваквите предлози на Ванхојт.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа