четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември

Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

-Можноста за образование на мајчин јазик е суштинска демократска вредност која придонесува за развој на културниот плурализам во една земја. Правото да се говори и твори на сопствениот мајчин јазик е едно од најзначајните човекови права, преку кои се создава, чува и промовира сопствениот и идентитетот на етничката заедница. Во Република Македонија внимателно се негува долгата традиција на соживот и на заедништво, и ние можеме со право да се гордееме со достигнувањата и постигнувањата на сите етнички заедници кои се дел од нашето мултиетничко општество. Припадниците на турската заедница во Република Македонија активно придонесуваат за развојот и за напредокот на нашата држава. Изразувајќи благодарност за вашите досегашни заложби, Ве повикувам и во иднина, заедно, сплотени и единствени да продолжиме во градењето  подобра и просперитетна Република Македонија, стои во честитката од претседателот Иванов. 

Најнови вести