Вести

Кокаин вреден 300.000 евра запленет пред да биде внесен во Македонија

Царинските службеници, во соработка со полицијата, на излез од граничниот премин Прешево, спречија обид за криумчарење на околу два килограма кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 300.000 евра, соопшти денеска Управата на српската царина.

Дрогата била откриена синоќа во „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, кој од Белгија се движел кон Македонија.

Возачот, 32-годишен државјанин на Македонија, успеал да побегне од местото на настанот, со што се создало дополнително сомневање дека во автомобилот нешто е скриено. Дрогата била пронајдена во касетата за документи пред совозачкото седиште.

Бидејќи вредноста на килограм чисти кокаин е околу 80.000 евра, а за улична продажба се разредува, така што еден килограм може да се добие и до четирипати од вредноста на заплената, се проценува дека запленетата дрога вреди околу 300.000 евра, јавуваат српски медиуми.