Вести

Панчо Минов: Не ја напуштив коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија”, напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов.

Тој е член на партијата ГРОМ која е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Минов вчера присуствуваше на расправата на собраниската Комисија за политички систем. Неговите колеги, пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, не присуствуваат на работата на собраниските тела во знак на протест за нивните притворени шестмина пратеници за настаните од 27 април.

Минов вели дека не ја напуштил коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.