Вести

Плаќај народе, им треба буџет: Министрите на Заев паркираат на тротоар без проблем – „Пајакот“ крена 80 возила, меѓу нив нема ниту еден владин автомобил

Пајак службата на Град Скопје интензивно отстранува непрописно паркирани возила низ градот, но очигледно „пајакот“ останува слеп кога се во прашање владини возила.

Во текот на вчерашниот ден пајак-службата отстранила 80 непрописно паркирани возила.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се споделува фотографија направена пред Министерството за правда, на која се гледа дека службеното возило на министерот за правда Билен Салији е паркирано на самиот тротоар.

Граѓаните му пишаа на министерот дека не само неговиот, туку на тротоарот секојдневно се паркираат и возила на други вработени во Министерството.

Дека пајак службите ги одминуваат владините возила, медиумите пишуваа и пред еден месец. Надлежните останаа без слух.

Плаќај народе, им треба буџет на Заев и Тевдовски: „Пајаците“ на Шилегов и Богдановиќ кренаа 445 возила, а одминуваат владини возила на среде тротоар 

Дојде ветениот живот, но не животот за скопјани, туку оној за луѓето од власта, „пајаците“ на Петре Шилегов и Саша Богдановиќ секојдневно ја полнат касата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Третата недела од ноевмри, во градот Скопје, пајак службата отстранила 445 возила. Тоа значи дека за само една недела од пајак службите на Општина Центар и градот Скопје, скопјани се посиромашни за најмалку 1.112.500 денари или нешто повеќе од 18 илјади евра.

Додека владините возила на СДСМ и ДУИ пајакот не ги чепка, за само една недела граѓаните од Скопје се осиромашени за најмалку 18 илјади евра, пари кои одат за полнење на буџетот на Заев и Тевдовски. Инаку доколку пајак службата го одземе вашиот автомобил, ќе останете најмалку без 2.500 денари.

Имено, доколку на пример на Градски паркинг заборавите случајно да пратите порака за да платите паркинг, а пајак ви го отстрани возилото, ќе платите 3.500 денари. Тука може да се пресмета и казната за погрешно паркирање која што е 50 евра.

Ценовник од „Градски паркинг“:

Ценовник од „Паркинзи“ на Општина Центар:

Граѓаните коментираат дека наместо ветениот живот, тие од СДСМ се користени како извор за полнење на буџетската каса.

Граѓаните коментираат дека наместо ветениот живот, тие од СДСМ се користени како извор за полнење на буџетската каса.

Уште поголем револт кај граѓаните предизвикува фактот што владините возила на СДСМ и ДУИ пајак службата не ги чепка. Имено, на социјалните мрежи објавена е фотографија каде во центарот на Скопје се гледаат паркирани службени возила од Владата на тротоар, покрај тоа што со тоа е попречено нормалното минување на граѓаните, автомобилите од Владата се поштедени покрај од казна за пајак и од казна за паркирање на тротоар или пешачка зона, која што е 150 евра.

Со реакција на социјалните мрежи за ваквиот однос на Владата излегоа и поддржувачите на СДСМ. Ивор Мицковски на социјалните мрежи напишата „Она кога памет не ти доаѓа…“.

Граѓаните прашуваат дали ова е животот за сите ветуван од СДСМ, дали тој живот за сите значи дека функционерите од Владата на Зоран Заев се ослободени од казните, а попустливоста кон нив пак ќе ја плаќаат обичните граѓани, кои од власта на СДСМ се користат како полнач на буџетот.

Експертската јавност вели дека штетните економски политики кои ги води Владата на чело со Заев и Тевдовски, многу ги чинат македонските граѓани. Кога поскапува се, трпат луѓето, а со масовното собирање на автомобили дополнително се удира по џебот, за да се полни Буџетот, велат тие.

Покрај тоа според нив, Владата на СДСМ и ДУИ ги зголемува даноците и ја презадолжува Република Македонија. Барем дел од тие пари мора да се вратат, па затоа со сите сили се удира по џебот на народот.

ММФ препорачува намалување на дефицитот. Во 2016 изнесувал 45% од БДП или двојно е зголемен споредено со 2008. Прогнозите се дека до 2022 може да стигне до 53%. За негово намалување Фондот препорачува ефикасни мерки како што се засилено собирање на ДДВ, повисоки даноци на имот и за енергија, како и намалување на субвенциите, но при тоа да се води сметка за најранливите категории граѓани.

Покрај лошите економски политики, директното удирање по џебот на граѓаните, според одредени информации СДСМ почна и со заплашување да доаѓа до профит.

Повеќе кафанџии и сопственици на угостителски објекти се пожалија дека полицијата дополнета со новоформираната агенција за обезбедување Омерта која важи за блиска до братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев влегувале во угостителски објекти, целосно политички субјективно, заплашувајќи ги персоналот и газдите на угостителските објекти, пишува порталот Денешен.

Затворени беа голем број на кафулиња, а контрола им влегла на насилен начин. Сведоци велат дека парадерски, засилени со припадници на ЕБР со калашњикови каубојски влегувале во угостителските објекти, како да бараат најбарани криминалци, а вечерта се завршила со нотирани ситни престапи. Од видеото кое го објави МВР може да се забележат специјална полиција полно наоружана, и вобичаени незадоволни гости како ги напуштаат локалите.

Директен удар врз угостителите полицијата изврши и во Тетово и Гостивар.

Именот, таму приведени беа 26 лица, а издадени забрани за работа на 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар при контрола што ја спровеле полицијата, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овие подрачја. Акцијата беше спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите.

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност тогаш најави дека вакви акции ќе се спроведуваат и во наредниот период.