Вести

Сообраќајка на патот Деве Баир-Куманово, повредено едно лице

Поради сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со бугарски регистарски таблици и патничко возило во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Деве Баир-Куманово кај Осички мост, информира АМСМ.

Од МВР информираат дека во сообраќајната несреќа, која во полицијата е пријавена во 17:35 часот учествувале товарно возило и автомобил „Хјундаи“ со кумановски регистерски ознаки.

Според првичните информации повредено е едно лице кое е пренесено во болницата во Крива Паланка, но нема детали за здравствената состојба.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а на повисоките места коловозите се местимично влажни.

Намалена е видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на Попова Шапка.