среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗЕМЈОТРЕС ПОВТОРНО ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – еве ги деталите

ЗЕМЈОТРЕС ПОВТОРНО ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – еве ги деталите

Не се смирува тлото во Албанија, во пограничниот дел кон Северна Македонија, во близина на Дебар. По вчерашните серија земјотреси, попладнево во временско растојание од неколку минути беа регистрирани два потреса со епицентар во Булќиза, 30-ина километри од Дебар. Месотото припаѓа под околија Пешкопеја и се нарекува и Долни Дебар.

Во 14:25 часот е регистран земјотрес со јачина од 3,2 Рихтерови степени, на длабочина од два километра. Набргу потоа е регистран уште еден потрес со послаба јачина.

Поради близната, и овие потреси повторно ги вознемирија дебрани. По вчерашниот земјотрес во 8:10 часот, кој беше со јачина од 4,5 степени, тие ги напуштија домовите.

Од завчера во 17 часот до попладнево на ова епицентрално подрачје регистрани се најмалку дваесет потреси со различна јачина

Најнови вести