Освежено 16:14:25
Четврток, 30 Март 2017

Во Пијанец и Малешевијата во рамки на кампањата „Ден на дрвото“ за денеска е најавено дека ќе бидат засадени 53 илјади садници, пишува МИА.

sadnici-drva500

Во Делчево и Македонска Каменица ќе се сади бор и багрем, а планирано е да се засадат 15 илјади садници на површина од 7 хектари.

Според информацијата на директорот на ЈП „ Голак“ Делчево, Јордан Димитровски, акцијата ќе се спроведе на три локации.

- Во Делчево ќе се засадат садници на локалитетот Еленин Врв кај селото Очипала, исто така и во центарот на Делчево покрај новиот парк, како и традиционално, садници ќе се посадат на ГП Делчево. Додека во Македонска Каменица ќе се засадат садници кај селото Дулица, рече Димитровски.

Во Малешевијата ќе се засадат 38 илјади садници. Според информацијата на директорот на ЈП „Малешево“, Никола Атанасов, само во Берово ќе се засадат 25 илјади садници, додека во Пехчево 13 илјади.

- 25 илјади садници на црн бор, багрем, јавор и јасен планирано е да се засадат во Берово на три локации со површина од 10 хектари. Акцијата ќе се одвива на локациите: Јуовец, Тонтев Рид кај Беровско Езеро и Криви Дол, истакна Атанасов.

Во акцијата за пошумување ќе бидат вклучени учениците од училиштата во регионот, како и граѓани за кои е обезбеден превоз до локациите за пошумување.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа