Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

Во акцијата за пошумување „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ што по 16. пат се организира во цела Македонија, денеска во Велес беа засадени 80 илјади листопадни садници од јасен и багрем на површина од 20 хектари во близина на градската депонија во месноста викана „Дерин дере“.

den-na-drvo

Во акцијата, која заеднички ја координираа вработени и стручен тим од ЈП „Македонски шуми“ со општина Велес и ЈКП „Дервен“ како и во изминатите години учествуваа учениците од велешките училишта, припадници на АРМ од велешкиот гарнизон, вработени во јавните претпријатија и сите заинтересирани граѓани за кои имаше обезбедено и бесплатен автобуски превоз до локацијата за пошумување.

Кон акцијата се приклучи и самиот засади дрвца и градоначалникот Славчо Чадиев со својот тим. Тој во изјавата за медиумите потенцира дека оваа еколошка акција е многу важна за до скоро најзагадениот македонски град Велес, поради тридецениското загадување од Топилницата и последиците се уште присутни од тоа загадување, пренесува МИА.

- Топилнницата не работи веќе 11 години, но загадувањето е присутно и затоа се потребни прочистувачите на животната средина, а тоа се дрвјата. Затоа треба и да ги засадиме во што поголем број. Акцијата е одлично спроведена и е уште еден еколошки прилог на велешани за почист и поубав град и за својата иднина, потенцира Чадиев.

Акцијата за пошумување на оваа и уште локации во околината на Велес ќе продолжи и во наредните денови, најавуваат од ЈП „Македонски шуми“- Подружница „Бабуна “ од Велес.

Во изминатите години се пошумуваше на неколку локации во околината на Велес и тоа на ридот Гроот, во непосредна близина на езерото „Младост“, во близина на населбата Превалец, на автопатот Велес - Скопје и на други локации. Во сите акции за пошумување, зафатеноста на садниците е повеќе од половина, велат од Подружницата „Бабуна“ и апелираат до граѓаните да ги чуваат садниците кои ги засадиле за почист град и поздрава животна средина. 

Спонзорирани линкови

  • 24 часа