Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

На денешната еко-акција „Ден на дрвото“ која се изведе во атарот на битолското село Ротино, на надморска височина од 740 метри, претставници на јавниот живот, граѓанскиот сектор, студенти и ученици, засадија нови 88.000 садници со црн бор и даб.

den-drvo-bitola500

- Со оваа акција даваме пример на најмладите генерации, садиме со цел да имаме поздрава животна средина и секој од себе треба да почнеме и да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов.

Акцијата „Ден на дрвото“ денеска беше реализирана на површина од 44 хектари, а досега во битолскиот дел на Пелагонија пошумени се 700 хектари и притоа засадени се 2,1 милиони садници. Од нив 63 отсто успеале и веќе растат, посочуваат надлежните.

- Свеста кај граѓаните, а и нашата, директно се менува и ја насочуваме кон екологијата, кон здравата средина за живеење. Освен возрасните, денес пошумуваа и најмладите од детските градинки и училиштата, посочи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, на денешниот традиционален еко-настан.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа