Општини

„За чисто и убаво Кавадарци“: Наредните четири денови ќе се чистат сите помали и поголеми диви депонии во општината

Oпштинарите од Мој општинар заедно со ЈП Комуналец и неколку приватни фирми од Кавадарци започнуваат акција “За чисто и убаво Кавадарци“. Наредните 4 денови, се до сабота, ќе се чистат сите помали и поголеми диви депонии, ова преку својот ФБ профил го најави градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев.

-Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на Општина Кавадарци. АНЕЛМАК, АС МАШИНИ, ЈА-МИ, ВСГД и ТРАСЕР учествуваат со камиони, скипери, багери заедно со ЈП Комуналец.

Денес е започната акција за чистење на 3 локации. Првата локација е улица Праведничка и Коњските дупки, втората локација е улица Клинска и улица Калница и третата локација е улица Смилица.

За оваа акција да трае подолго време и резултатите да останат, потребна е и поддршка од Вас граѓаните. Да си го чуваме нашето убаво Кавадарци.

За чисто и убаво Кавадарци, стои во статусот на градоначалникот.