Освежено 16:14:25
Понеделник, 26 Јуни 2017

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски вчера вечерта во Музејот на Град Скопје, свечено ја отвори изложбата „Од колекциите на Скопје“ - изложба на уметнички дела во сопственост на Град Скопје, културните установи и јавните претпријатија.

500222index

- „ОД КОЛЕКЦИИТЕ  НА СКОПЈЕ“ претставува селекција на  одбрани дела кои што се сопственост на Градот  Скопје,  на  јавните установи од областа на културата, како и на јавните претпријатија основани од Градот  Скопје.  Составена е од уметнички слики, скулптури, графики, цртежи  на  автори кои живееле и твореле во Македонија, а секојдневно  можат да се  видат во нашите службени и работни простории. Дел од уметничките слики, скулптури, графики  од колекцијата на уметнички дела кои ги поседува Градот Скопје и неговите јавни установи и претпријатија се создадени од страна на основоположниците  на македонската современа уметност, како и од страна на припадници на постарата  генерација на ликовни уметници од Македонија. Уметнички дела  кои поседуваат и историска и уметничка вредност. Ја инициравме и организиравме оваа изложба со цел да ги претставиме истите во галериски и музејски простор. На овој  начин, сакаме да ја потврдиме нивната уметничка и историска вредност. Овие дела, покрај тоа што треба да ги негуваме и чуваме и како естетски творби и како вредно културно-историско наследство, потребно беше да бидат презентирани и обзнаени пред граѓаните на Скопје, стручната јавност и стручните лица од надлежните установи за заштита и промоција на културното наследство  и воопшто пред македонската јавност, изјави градоначалникот Трајановски.

500111index

На изложбата ќе бидат презентирани 142 дела кои потекнуваат од  уметничките збирки  кои се сопственост на  Град Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје, ЈП Водовод и  канализација-Скопје, ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, ЈУ Културно информативен центар,  ЈУ  Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ и секако ЈУ Музеј на град Скопје.

500333index

Изложбата се организира под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а реализатор на изложбата е ЈУ Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе биде поставена до 15 декември, а за неа е одпечатен и репрезентативен каталог.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа