Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со повеќе советници, дел од општинската администрација,денес беше во новиот парк во населбата Расадник.

123ex

На ова место тие засадија 20-тина чемпреси и птуи, како дел од  16-тата по ред акција “Ден на дрвото”. Засадувањето на дрвцата треба хортикултурно да го оплемени новиот простор за одмор за граѓаните од овој дел на градот, кој досега беше вистинска еколошка депонија. На местото каде редовно престојуваа диви продавачи со камиони кои зад себе оставаа смет и неред, општина Кисела Вода ќе постави нова урбана опрема. Новото решение на просторот, до реализацијата на ДУП-от, на граѓаните ќе им понуди  9 клупи, корпи за отпадоци, 9 канделабри, а се изведе и алпинетум.

222ex

Општина Кисела Вода масовно се вклучи во “Денот на дрвото”. Дрвца садат и учениците од основните училишта на оваа територија, а на акцијата за која промотивната кампања стартуваше токму од општина Кисела Вода, во текот на претходната недела и се приклучија и сите месни заедници и дечињата од градинките.

654dex

Спонзорирани линкови

  • 24 часа