Скопје

Без водоснабдување утре дел од булеварот „Кочо Рацин“

Од 9 часот утре без водоснабдување ќе бидат дел од објектите на булеварот „Кочо Рацин“ поради отстранување на внатрешен дефект во зграда бр.36 на истиот булевар.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.