Скопје

Вардар ги собра наградите во изборот за спортисти на 2017 година

Актуелниот европски шампион Вардар освои најмногу награди во изборот за спортисти на 2017 година што го спроведе Сојузот на спортови на град Скопје.

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, пред Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање).

Меѓу десетте најдобри уште влегоа: Дејан Недев (традиционално карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика, маратон).

За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер.

РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција.

ЖРК Вардар е најдобар женски клуб.

За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски од Макпетрол, пред Мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), Мила Саздовска (традиционално карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз).