Скопје

Жителите од улицата „1615“ во Аеродром, утре без вода

Корисниците од улицата „1615“ во општина Аеродром утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од јавното претпријатие, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување на водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „1615“ бр.4 (Новопроектирана) во населба Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со работата.