петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Завршила во затвор поради музички спот!

Завршила во затвор поради музички спот!

Пејачката Шаима Ахмед од Египет, позната како Шима, е осудена на две години затвор поради експлицитен видео спот.

Истата казна ја доби и режисерот.

Спотот од песната „I have issues” содржи сцена каде поп-пејачката јаде банана на прилично провокативен начин, лиже јаболко и флертува со машките статисти.

Во друга сцена пак, таа е во долна облека, што Судот го прогласи за „несоодветно и скандалозно однесување”.

Шима е уапсена речиси веднаш по објавувањето на спотот, и во притвор мина десет дена.

Судот ја прогласи Шима за виновна за „поттикнување разврат“ и „објавување неморален филм”.