Познати

Прагот на Жика Тодоровиќ обвиен со тага: Три трагедии за само три години

Судбiната на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ му наметнала тешко бреме. Неговиот тригодишен син Дејан синоќа заспал и никогаш не се разбудил. Ништо не укажувало на трагедија.

Тој и неговата сопруга Ана се скршени. Жика пред три години останал и без својот татко, актерот Бора Тодоровиќ, кој исто така починал изненадно, а минатата година починала и неговата тетка, големата драмска уметничка Мира Ступица.

На Бора најголема желба му била да стане дедо и му се исполнила на почетокот на мај, кога на свет дошол малиот Дејан. Тој не ја криел радоста, но сепак не доживеал внукот да нполни ниту три месеци и починал.

Вчерашниот ден за семејството Тодоровиќ бил сосема обичен, се додека нивниот син не заспал. Кога неговата мајка се обидувала да го разбуди сфатила дека детето починало.

Докторите велат дека се работи за синдром на изненадна смрт.