Познати

Се огласи сопругата на познатиот актер по смртта на нивниот 3 годишен син

Тригодишниот син на популарниот српски актер Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана почина ненадејно во семејниот стан. Обдукцијата потврдила дека смртта настапила во сон, откако неговото срце престанало да чука.

Тоа денес го потврдила и неговата мајка Ана, која демантираше дека причина за смртта е труење, како што пишуваа дел од српските медиуми.

-Одбукцијата покажа дека се работи за ненадејна смрт. Рекоа дека не би успеале да оживеат ниту возрасен човек, а не па дете, како и дека ова многу ретко се случува. Мене неговата смрт ми е мистериозна. Умре во сон. Не се отру, ниту било што друго. Едноставно нè напушти. Беше весело, добро дете. Толку многу сакавме да го добиеме, ни беше ден и ноќ, среќа и живот, се што имавме, вели Ана се уште во шок.

Малиот Дејан роден на почетокот на мај 2014 година судејќи по се, беше круна на долгогодишната љубов на Жика и Ана, дете кое долго го очекува.