Познати

Животната приказна на Жика и Ана Тодоровиќ: Синот беше круна на нивната 20 годишна Љубов

Срѓан Жика Тодоровиќ и Ана Тодоровиќ синоќа доживеаја неизмерна трагедија со смртта на нивниот тригодишен син Дејан. Тие се веќе 20 години заедно, а нивната љубов е крунисана прв пат со венчавката во 2004-та година, а втор пат со раѓањето на синот на 2014-та година.

Љубовта на популарниот актер и на девојката од Цетиње ни од блиску не беше слична на стандардните врски на познатите. Се запознаа на Ада Бојана, а живееја далеку од очите на јавноста. Секоја година летуваа во малото рибарско село Бигово, во куќата на таткото на актерот, Боро Тодоровиќ.

Љубов на прв поглед: Одма знаел дека Ана е љубовта на неговиот живот

Жика ја забележал еден сончев ден на Ада Бојана, и како што сведочат неговите пријатели, веднаш знаел дека таа е жена на неговиот живот.

Иако речиси никогаш не се појавуваа во јавност, а Тодоровиќ воглавно се трудеше нивниот однос да ги скрие од радозналите погледи, неколку фотографии послужуваат како доказ дека се пар кој вистински се сака.

Тие на почетокот се забавувале шест години, за во 2004-та година да се венчаат во Цетиње и тоа во нејзината семејна куќа. Присуствувале само најблиските пријатели и семејството. За Жика од поодамна е познато дека добро ја крие својата интима од јавноста, па се поврзано со него се дознаваше дури отпосле.

Оние кои ги познаваат велат дека нивниот брак е одличен. Она што му дава посебност, надвор од урбаната врева е нивниот мал семеен рај во рибарската населба Бигово. Од таа семејна куќа, Срѓан носи убави спомени од летувањето со синот Дејан, кој пристигна на свет на 1-ви мај 2014-та година.

-Раѓањето на Дејан е нешто што нас не усреќи, а на родителите им посакуваме да не направат уште посреќни со уште едно девојче, изјави во 2015-та година таткото на актерот за магазинот „Стори“.

Жика Тодоровиќ во интервјуата говореше дека татковството многу го променило на подобро.

-Животот ми се промени за 180 степени, нема веќе излегување… Одговорноста е многу поголема. Престанав да излегувам уште пред да го добијам синот, раскажа актерот во интервјуто за „Мондо“.