Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Италијанскиот фудбалски тренер Луиџи Дел Нери ја презеде клупата на Верона, потврди клубот од „Бентегоди“.

delneri500

На клупскиот веб сајт не е објавено времетраењето на потпишаниот договор на тренерот кој во оваа професија се афирмира на клупата на градскиот ривал Киево.

Дел Нери беше без ангажман од јануари 2013 година, кога тој замина од Џенова, а пред тоа ги водеше Јувентус, Сампдорија, Аталанта, Рома, Палермо, Порто и неколку нисколигашки екипи.

Раководството на Верона со ангажманот на Дел Нери прави обид клубот да го спаси од испаѓање. Во моментов Верона е на последното 20.место на табелата во Серија А со само шест бодови и без ниту една победа по 14 рунди.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа