Освежено 16:14:25
Четврток, 23 Март 2017

Водечкиот спонзор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) бара од челниците на организацијата „независен надзор“ на реформите.

fifa-500

На спонзорите првобитно беше ветено место во Одборот за реформите на ФИФА, како и да е, наместо да бидат поканети на состаноците на кои се рзгледува модернизацијата на ФИФА ним им се понудени места во советодавниот одбор кој треба допрва и да биде формиран.

Богатиот спонзор Адидас, Кока-кола, како и Мекдоналс, Виза и Бадвајзер пратија и писмо до ФИФА во пресрет на состанокот кој неделава ќе го реализира извршниот одбор на светската куќа на фудбалот.

„Знаме дека наскоро ќе го разгледувате списокот на реформи насочени кон засилување на управувањето на ФИФА“, велат спонзорите.

„Апелираме да ги прифатите пизтивните промени и да препознаете дека тоа е само чекор кон создавање на кредибилна иднина на ФИФА“, додаваат спонзорите.

„Свесни сме за позитивната работа на Одборот за реформи, како и да е, веруваме дека е потребен долгорочен независен и надзор кој треба да го следи воведувањето и процесот на реформи“, се наведува во псимото.

Претходно, одборот за реформи е основан по апсењето во мај и обвинувањата против луѓе на ФИФА во рамки на истрагата на маериканските и швајцарските власти за корупција.

„Транспарентност, одговорност, почитување, човекови права, интегритет и рамноправност меѓу половите се од клучно значање за иднината на ФИФА“, пишува во писмото.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа