Освежено 16:14:25
Четврток, 30 Март 2017

Руди Гарсија тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Рома, не размислува да поднесе оставка, и покрај сите притисоци по лошите резултати кои ги има „Римската волчица“ на последните неколку натпревари.

Rudi-Garcia-Roma500

Лошата низа на резултати Рома ја започна со нерешениот резултат против Болоња, по што следуваше дебаклот на „Камп Ноу’’ каде загуби од Барселона со 6:1 во дуел од Лигата на шампионите, за во неделата да следува поразот пред своите симпатизери од Аталанта со 2-0, во дуел од Серија А, по што тимот кој претендира за титулата, падна на четвртото место на табелата.

- Лут сум и разочаран, но мора да се борам и јас и фудбалерите за да излеземе од резултатската криза. Мора да останеме сложни и да не ја изгубиме самодовербата. Уште можеме да бидеме добрата стара Рома со најдобриот напад во Серија А, изјавил Гарсија за италијанскиот весник „Коријере дело Спорт’’.

Иако Гарсија ја презема одговорноста за лошите резултати, сепак најавува дека нема да се предаде.
- Ќе се борам до крај, за Рома ќе го дадам срцето. Не се предавам. Оние кои мислат дека ќе поднесам оставка очигледно не ме познаваат ни малку, потенцирал Гарсија.

Директорот на клубот, Валтер Сабатини го поддржа тренерот Гарсија.
- Не размислуваме за промена на тренерот. Понекогаш Руди и јас не размислуваме исто, но и во вакви ситуации сме заедно, ја делиме одговорноста. Тој заслужува да ја води Рома, изјавил Сабатини

Спонзорирани линкови

  • 24 часа