Фудбал

ФИФА одвои 791 милион долари за учесниците на Мундијалот

Вкупниот паричен фонд за Светското фудбалско првенство 2018 во Русија ќе изнесува 791 милион долари, што е многу повеќе од претходниот Мундијал во Бразил 2014 година.

Од горенаведениот фонд, ФИФА обезбеди 400 милиони како награди за постигнати резултати, а сите учесници имаат загарантирани осум милиони долари.

Репрезентациите кои ќе се пласираат во 1/16финалето ќе заработат 12 милиони долари, додека на пример, новиот светски шампион ќе собере 38 милиони долари, а другиот финалист 28.