Фудбал

Фотографија од 90-те: Марадона и Верон консумираат кокаин

Мрачниот период од животот на Диего Марадона е поврзан за деведесеттите години кога косумира дрога.

Долго се пишуваше за „белиот прав“, откако легендарниот аргентински фудбалер премина од Барселона во Наполи за тогаш невидени дванаесет милиони долари, а тоа во голема мера му ја уништи кариерата.

Во 1991. година дрогата го чинеше суспензија за период од 15 месеци, а исто така исфрлен е и од Светското првенство.

– Се чувствувам виновен за многу работи. Денес можете да кажете дека сум добар или подобар…или дека сум подобар од претходно. Но никој не бил на мое место, знам дека сум крив, вели Марадона.

На друштвените мрежи се појави фотографија од 90-тите години на минатиот век на коај се гледа како Марадона и неговиот сонародник Верон консумираат дрога.

maradona