Фудбал

Гвардиола: Тешко до четири трофеи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не верува дека неговиот тим може да освои четири трофеи.

„Граѓаните“ имаат 11 бода повеќе од второпласираниот тим во Премиер лигата, без проблеми како првопласирани во групата се изборија за осминафинале на Лигата на шампионите, обезбедија полуфинале на Лига Купот на пенали синоќа по победата над Лестер, а играат и во ФА Купот.

– Четири трофеи? Не размислувам за тоа. Тоа е невозможно. Ова нема да се случи, категоричен е Гвардиола.

Никогаш во историјата не се случило еден англиски тим да ги освои сите четири трофеи во сезоната, а најблиску до него беше Манчестер Јунајтед во сезоната 1998/99. Црвените ѓаволи тогаш ги освоија Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите, но во Лига Купот беа елиминирани во четвртфиналето од Тотенхем.