Фудбал

Роналдо и натаму неизвесен за „Ел Класико“

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се уште е неизвесен за саботното „Ел Класико“ против Барселона.

Ниту на денешниот тренинг на Реал, Роналдо го немаше со останатите играчи, односно Португалецот работеше сам под специјален надзор и програма.

Кристијано Роналдо се уште ја чувствува повредата со која се здоби за време на мечот против Гремио, во финалниот на Светското клупско првенство.

Сепак блиски извори од клубот информираат дека Роналдо по ниту една цена не сака да го пропушти дербито против Барселона која е лидер на табелата во Ла Лига со дури единаесет бодови повеќе од актуелниот шампион Реал, кој има и еден натпревар помалку.

Првото „Ел Класико“ во тековната сезона, ќе се игра во сабота од 13 часот, терми кој е избран поради големиот интерес за телевизиските преноси, не само во Европа туку и во Азија и Америка.