Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

Екипата на Филаделфија конечно ја постигна првата победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска го совлада тимот на ЛА Лејкерс на домашен терен со 103:91.

filadelfija500

Со тоа тимот од Пенсилванија ја прекинаа серија од 18 натпревари без победа сезонава или ова им беше прв триумф од 25.март кога последен пат се радуваа на победа во лигата. Воедно, ова беше дуел на двата последнопласирани тима во конференциите.

Кај Филаделфија шест играчи имаа двоцифрен број поени, а најпрецизен беше Роберт Ковингтон со 23, додека кај ЛА Лејкерс Коби Брајант постигна 20.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Кливленд – Вашингтон 85:97,
Филаделфија – ЛА Лејкерс 103:91,
Бруклин – Феникс 94:91,
Минесота – Орландо 93:96,
Њу Орлеанс – Мемфис 104:113,
Далас – Портланд 115:112 по продолжение.

Пласман Источна конференција: Кливленд 13-5 (победи-порази), Индијана 11-5, Чикаго 10-5, Мајами 10-6, Торонто 11-7, Атланта 12-8, Шарлот 10-7, Орландо 10-8, Бостон 10-8, ...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 19-0, Сан Антонио 14-4, Оклахома Сити 11-7, Мемфис 11-8, Далас 11-8, ЛА Клиперс 10-8, Јута 8-8, Феникс 8-10, Минесота 8-10,...

Спонзорирани линкови

  • 24 часа