Освежено 16:14:25
Четврток, 25 Мај 2017

Британскиот боксер Тајсон Фјури стана светска сензација, откако го победи Украинецот Владимир Кличко во мечот за светската титула во тепка категорија. Тој со оваа победа стигна до скор од 25 победи во исто токлу борби во рингот, но покрај одлучните спортски резултати, познат е и по своето брурно и интересно минато.

tyson-fury

Ова се десетте работи кои сигурно не сте ги знаеле за него:

 

1. Тајсон е роден во ирско семејство во Манчестер, а неговиот татко бил познат во локалната заедница по учество во улични борби.

2. Фјури е роден три месеци предвреме и бил тежок само 455 грама, а денеска е вискок 206 сантиметри и тежи 120 килограми.

3. Тој го добил името пославниот боксерски шампион Мајк Тајсон, што е очекувано, бидејќи кога се родил во 1988 година, "Челичниот Мајк", беше во врвот од својата кариера.

4. Својата сопруга Парис ја запозна на венчавката на својот најдобар пријател, кога двајцата имаа по 15 – години. Заедно се од својата 16 – година, а во брак се шест години.

5. Двојката има петгодишна ќерка Венецуела и тригодишен син Принц. Во нивна чест на мечот со Клучко носеше маица со натпис со нивните имиња на својот шорц.

6. На пресконференцијата на Кличко во септември година, Фјури се појави заедно со својот пријател маскиран во Бетмен и неговиот пријател Робин.

7. Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кинг и Ерик Кантона го инспирираа да биде агресивен и да се издвои од останатите.

8. Тајсон страда од депресија, но вели дека се чувствува сречен и задоволен кога боксува и кога е во центарот на вниманието во јавноста.

9. Неговите омилени филмови се Троја, Гладијатор и стариот хит со Џон Вејн "Мирниот човек".

10. Таткото на Тајсон, Џон е осуден на 11 години затвор по тепачка на аукција на олдтајмери, на која на еден човек му го повреди окото.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа