Освежено 16:14:25
Четврток, 30 Март 2017

Постариот од браќата Кличко, Виталиј изјави дека е разочаран од настапот на својот брат Владимир, по мечот во кој Украинецот ги загуби титулите од британскиот боксер Тајсон Фјури.

Klitschko-brothers500

По поразот на мечот одржан во Дизелдорф, се огласи неговиот брат Виталиј кој изрази изненадување, но и разочараност од настапот на неговиот помлад брат.

– Мојот брат ме шокираше бидејќи добро знам на што е способен. Тој на овој меч не го покажа она што го знае. Сум го гледал многу пати, ја знам неговата моќ, но не покажа ништо од тоа во рингот. Можеби беше само лош ден, можеби имало и други причини, но сигурен сум дека Владимир во римечот ќе покаже што знае и ќе се врати на врвот, изјави Виталиј, кој и самиот имаше успешна боксерска кариера.

Потсетување дека иако Владимир беше апсолутен фаворит во мечот против Фјури, сепак, по дванаесетте рунди, Украинецот не успеа да ги одбрани трите шампионски појаси, па сега ќе мора да чека реванш за евентуално да си ги врати титулите. 

Спонзорирани линкови

  • 24 часа