Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

Македонскиот пливач Марко Блажевски постави нов македонски рекорд на 100 метри пеперутка на Европското првенство на кратки базени што се одржува во Нетанија, Израел.

marko-blazevski500

Тој претпладнево во квалификациите исплива време 54.77 секунди и за седум стотинки го собори досегашниот македонски рекорд поставен од Александар Миладиновски на 13 декември 2001 година во Антверпен.

Македонскиот пливач во конкуренција на 49 пливачи го освои 44.место.

Блажевски е единствениот македонски преставник на шампионатот, откако поради болест настапот го откажа Анастасија Богдановски.

Утре Блажевски треба да настапи во трката на 400 метри мешано, во петок ќе плива на 200 метри мешано, а во сабота на 100 метри мешано

Спонзорирани линкови

  • 24 часа