Останати спортови

Тајгер Вудс помешал 5 видови на дроги

Легендарниот голфер Тајгер Вудс имал 5 различни видови на дроги во организмот кога во мај беше уапсен под сомнение дека вози пијан, потврди токсиколошкиот извештај.

Вудс беше уапсен на 29. мај на Флорида кога полицијата го пронашла како спие зад воланот покрај патот.

Резултатите од урината покажале присуство на пет различни супстанци меѓу кои и силни лекови против болка, анксиозност и смирување,  но и тетрахидроканабинол (ТХЦ) кој се наоѓа во марихуаната.

41-годишниот Американец минатата недела е прогласен за невин за возење во пијана состојба, но по инцидентот прифатил стручна помош.

-Примам стручна помош за да се навикнам на лековите. Во последно време пробував на своја рака да ги решам проблемите со болките во грбот и недостатокот на сон, вклучувајќи и инсомнија, но сфатив дека тоа беше грешка и оти медицинската помош ми е неопходна, рече Вудс.

Вудс нема освоено турнир од 2013. година, а минатиот декември се врати по година и пол пауза поради повреда, но во февруари повторно се појавија болките во грбот.