Освежено 16:14:25
Четврток, 25 Мај 2017

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес побара од неговите избраница да го дадат максимумот на утрешниот меч со Макс Струмица, во рамките на СЕХА лигата, пренесе МИА.

raul500

- Ни следува мечот со Струмица во СЕХА лигата. Треба да победиме затоа што сега сме на петто место во СЕХА и ако сакаме да играме фајнл-фор мора да ги освоиме бодовите. Имаме многу проблеми со повредени играчи и не знаеме кој ќе игра утре. За нас е важен овој натпревар. Против Кјелце не игравме добро во напад, па треба тоа да го поправиме. Треба да ја почитуваме оваа екипа и затоа сакам да играме со 100 отсто, изјави Раул на денешната прес-конференција.

Мијајло Марсениќ рече дека ова ќе биде извонредна шанса за подготовка за мечот со Колдинг во Лигата на шампионите, кој се игра в сабота.

- Дојде период во кој врзавме три порази во ЛШ и мислам дека утрешниоот меч доста ќе ни послужи како подготовка за Колдинг. Самодовербата ни е малку нарушена, но не очекува натпревар кој мора да го добиеме, за да се подготвиме што подобро за Колдинг. Тој ни е најважен во моментов, рече Марсениќ.

Вардар против Струмица ќе настапи ослабен без Игор Карачиќ и Матјаж Брумен, а неизвесен е и Алем Тоскиќ.

Натпреварот во „Јане Сандански“ ќе почна во 17 часот и 45 минути.

Спонзорирани линкови

  • 24 часа